• петок, 22 ноември 2024

Временските услови неповолни за пчелите, сметаат делчевските пчелари

Временските услови неповолни за пчелите, сметаат делчевските пчелари
Делчево, 22 март 2021 (МИА) - Делчевските пчелари стравуваат за виталноста на пчелите. Велат дека моменталните временски услови не се погодни за да почнат со работа, заради што се загрижени дека дел од нив ќе угинат.
-За пчелните семејства моменталните температури не се добри. Снегот лошо ќе се одрази, бидејки пчелите наместо да собираат полен, тие „мртвеат“ во кошниците што ќе предизвика нивно угинување, вели пчеларот Блаже Стоименовски од Делчево.
Ова според него ќе значи инатата година била добра во однос на приносите за мед од кој се уште има залиха на ливадски мед чија цена се движи до 450 денари за килограм.
-Имам лично мои околу 16 пчели, а со соседот нивната бројка изнесува 116 пчели. Се наоѓаат во блискиот предел кај манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“. Произведуваме багремов и ливадски мед чија цена е 450 денара. Залиха најмногу имаме од ливадскиот мед кој поради недостиг на останатите видови во моментот е највеќе баран, додава делчевскиот пчелар.
Стоименовски вели дека ако продолжат неповолните временски влијанија годинава ќе биде тешка за пчеларите кои според него ќе мора да се „вадат“ на медот од претходната година. вс/нд/

Остани поврзан