• петок, 22 ноември 2024

Во Њујорк вечер затворeни консултации за резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Во Њујорк вечер затворeни консултации за резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Њујорк, 17 април 2024 (МИА) - Неформални затворени консултации за нацрт-резолуцијата со која се бара 11 јули да се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година, а за кој Генералното собрание на ОН треба да се изјасни на почетокот на мај, ќе се одржат вечер во Њујорк.

Средбата е закажана за 22 часот по средноевропско време.

Неформални консултации за нултата нацрт-резолуција „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница 1995 година“, под точка 14 од дневниот ред, свикуваат постојаните мисии на Германија и Руанда, заедно со постојаните мисии на Албанија, Босна и Херцеговина, Чиле, Финска, Франција, Ирска, Италија, Јордан, Холандија, Лихтенштајн, Малезија, Нов Зеланд, Словенија, Турција и САД, објавено е на веб-страницата на ОН.

Генералното собрание на ОН треба да гласа за резолуцијата на пленарна седница на 2 мај. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан