Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“
- Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ втор ден е домаќин на Фестивалот на уметноста под мотото „Ликовна визија“. Во рамките на овој фестивал скулпторот Ангел Коруновски оддржа предавање на студентите и учениците, се со цел на полесен и побезбеден пат им ги пренесе естетските доживувања.
Штип, 16 мај 2024 (МИА) - Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ втор ден е домаќин на Фестивалот на уметноста под мотото „Ликовна визија“. Во рамките на овој фестивал скулпторот Ангел Коруновски оддржа предавање на студентите и учениците, се со цел на полесен и побезбеден пат им ги пренесе естетските доживувања.
-Целта на денешната средба на овој ворк шоп, работилница е едукацијата и презентирањето на уметноста во правата смисла. Во смисла дека нашето опкружување е зависно од естетски доживувања и тоа ние треба да го пренесеме кон самите студенти, да они полесно и побезболно сето тоа го прифатат и го восприемат, рече Коруновски.
Студентите и учениците од средните учулишта денеска работеа класично сликарство. Целта на Коруновски е да им го олесни патот на цртежот до современата фигурација.
-Имам студенти од самиот Факултет, имаме од средните школи, бидејќи они работат класично сликарство, целта ми беше да им го олеснам патот на цртежот до современата фигурација, посочи Коруновски
Фестивалот на уметноста започна вчера, а ќе трае до утре, 17 мај. вдј/дма/
Фото: МИА