• понеделник, 01 јули 2024

Во Штип утре прскање против комарци

Во Штип утре прскање против комарци

Штип, 27 мај 2024 (МИА) - Во текот на утрешниот ден на територија на Општина Штип  ќе се изврши првата адултицидна дезинсекција и втората ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците. Во писменото соопштение од Општина Штип се наведува дека  со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип.

- Запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 1 до 4 часот адултицидната и од 5 до 7 часот ларвицидната дезинсекција. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип, се вели во соопштението од Општина Штип.

Во Штип претходниот период имаше една ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите од комарците, а до ноември предвидени се седум третирања против комарци и едно авионско прскање. вдј/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан