• сабота, 23 ноември 2024

Во штипските средни училишта во прва година запишани 440 ученици

Во штипските средни училишта во прва година запишани 440 ученици

Штип, 4 јули 2023 (МИА) - Во штипските средни училишта во првите две пријавувања се запишале околу 440 ученици во прва година. Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип, информира дека најмногу запишани ученици има во регионалниот електро-машински училишен центар  СОУ „Коле Нехтенин“, околу 180, потоа следи средното медицинско училиште „Јане Сандански“ со околу 170 ученици,  Гимназијата „Славчо Стојменски“ со 93 ученика. Во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ запишани се околу 20 ученика.

-Тоа е онаа бројка што беше очекувана и може да кажеме дека во две средни училишта веќе е завршен уписот и тоа во две паралелки. Во СОУ „Коле Нехтенин“ тоа е за профилот Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, каде е пополнет бројот, и во СОУ „Јане Сандански“ во насоката Медицинска сестра, вели  Санева.

За разлика од минатата година, годинава учениците не се соочија со проблеми во уписите, бидејќи свидетелствата ги добија навреме. Министерството за образование и науки ги достави, а процесот на доделување на свидетелствата е завршен во сите штипски основни и средни училишта.

-Во врска со бројката можеме да кажеме дека годинава околу 5.500 ученика зеле свидетелства на ниво на општина, од кои 3.500 се во основни општински училишта, а 1.950 во средните училишта. Наредната година учениците ја дочекуваат подготвени со комплетирано образование од претходната година за да се запишат во прва година или да го продолжат образованието, додава Санева.

Инаку, интересот за гимназии има тенденција на опаѓање на ниво на цела држава, па бројот на запишани во стручно образование е двапати повеќе од оние во гимназиско. вдј/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан