• понеделник, 23 декември 2024

Во штипскиот Дом на млади се организираше крводарителска акција

Во штипскиот Дом на млади се организираше крводарителска акција

Штип, 22 март 2024 (МИА) - Општина Штип и Општинската Организација на Црвен Крст по повод празникот „Четрсе“ денеска во Дом на млади за првпат организираа крводарителска акција. Крв даруваа вработени во Општина Штип, како и граѓани кои денеска се качуваат на тврдината Исар. Доктор, Моника Стоилева од Трансфузиологија-Штип вели дека се задоволни од интересот на граѓаните.  

-Денеска во склоп на сите активности кои што ги организира Домот на Млади е и оваа крводарителска акација, која што се одржува по првпат на овој датум. Се надеваме дека и ова ќе стане традиција, задоволни сме од интересто на граѓаните кои што не посетија од претпладневните часови. Очекуваме се повеќе крводарители до крајот на денот, рече  Стоилева.

Таа очекува до крајот на денот  поголем број на хумани граѓани, кои ќе даруваат крв. На летната сцена во Дом на Млади се одржа и доделување на награди за најубави изработки од рециклиран материјал на деца со попреченост. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан