• петок, 05 декември 2025

Во штипската населба Три Чешми се реализираат три проекти

Во штипската населба Три Чешми се реализираат три проекти

Штип, 14 мај 2025 (МИА) – Во приградската населба Три Чешми во Штип наредните денови ќе се реализираат три инфраструктурни проекти, на барање на граѓаните, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочи дека од денеска се уредуваат  тротоарски површини, асфалтирање на три улици и ќе се работи на  ново игралиште со вештачка трева, детско катче. На влезот во населбата ќе се уреди тротоарска површина со павер елементи, со цел поголема безбедност за пешаците. Дополнително ќе се работи на уредување и реконструкција на патната инфраструктура, како и на подобрување на условите за децата. За овие активности од страна на општината се издвоени речиси пет милиони денари.

-За првпат ќе се поставува тротоарски површини, затоа што жителите неколкупати го бараа тоа. Во минатото на овој потег имало сообраќајни несреќи заради небезбедноста. Затоа се одлучивме да го уредува овој торотар. Но, деновиве како што најавив ќе се асфлатираат три улици, а ќе се работи и на ново игралиште за мал фудбал со вештачка трева и детско катче, изјави Јорданов.

Во меѓувреме се работи и на потегот каде ќе биде лоцирана новата населба, близу Три Чешми. Десете градежни плацеви се продадени, а во наредниот период ќе биде распишен повик за продажба на нови десет.

-Веќе се отуѓени десет парцели, очекуваме во наредните денови да се објави нов повик. Таму веќе се изведуваат градежни активности за прв степен на уреденост за основната инфраструктура која е неопходна, етапно ќе бидат распишувани повиците за оттуѓување на градежни парцели и се надевам дека интересот ќе биде задоволителен, рече Јорданов.

Тој истакна дека временските услови дозволуваат да се работи со забрзана динамика, а  со цел подобри услови за живот за штипјани. вдј/цр

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан