Во штипската населба Осми Ноември се реконструираат тротоари и влезови на станбени згради
- Со два милиона и 700 илјади денари Општина Штип целосно ќе ја уреди и модернизира населбата Осми Номеври. Почна уредувањето на тротоарите на улицата „Енгелсова", а во наредниот период ќе почне и уредувањето на влезовите пред станбените згради. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека некои делови од оваа населба се уредуваат прв пат по три до четири децении.
Штип, 25 ноември 2023 (МИА) - Со два милиона и 700 илјади денари Општина Штип целосно ќе ја уреди и модернизира населбата Осми Номеври. Почна уредувањето на тротоарите на улицата „Енгелсова", а во наредниот период ќе почне и уредувањето на влезовите пред станбените згради. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека некои делови од оваа населба се уредуваат прв пат по три до четири децении.
-Знаете дека паралелно се работи и на Булевар ЈНА со уредување на тротоарските површини и пристапните влезови на станбените згради. Од денес паралелено се започнува и на улица Енгелсова во истата оваа населба. Ќе се третираат пристпаните влезови на станбените згради. Вкупната инвестиција за тротоарската површина е 700 илјади денари, авкупниот износ на средства кои ќе се предвидат за уредување на пристапните влезови е некаде повеќе од два милиони денари, вели Јорданов.
Освен во населбата Осми Номеври активности на терен има и во други населби на територија на Општина Штип. Јорданов посочи дека во сите штипски населби ќе се работи со цел подобар изглед на градот.
-Не само во населбата Осми Ноември, на територија на Штип во повеќе населби се врши реконструкција на тротоари на одредени улици кои со години наназад биле заборавени. Се надевам дека со ваква динамика ќе успееме да напарвиме максимум од она кое го имаме видено во интерес на сите, рече Јорданов.
Тој посочи дека не само тротоарските површини во периодот кој следи ќе се работи на решавање на сите проблеми и потреби на граѓаните. Нивните барања се приоритет посочи тој и истакна дека ќе се работи истите да бидат реализирани. вдј/мч/
Фото: МИА