• петок, 22 ноември 2024

Во Шпанија десетдневна жалост за жртвите од Ковид-19

Во Шпанија десетдневна жалост за жртвите од Ковид-19
Мадрид, 27 мај 2020 (МИА) - Во Шпанија денеска почнува десетдневна жалост за жртвите од новиот коронавирус. Тоа ќе биде најдолг период на жалост во последните 40 години. За време на деновите на жалост знамињата на повеќе од 14.000 институции и пловни објекти ќе бидат на половина копје. Портпаролката на шпанската Влада, Марија Хесус Монтеро изјави дека над 80 проценти од починатите се лица постари од 70 години, „тие кои помогнаа да се изгради денешната земја“. - Тие засегокаш ќе останат во нашето сеќавање, посочи Монтеро. Шпанскиот крал Филипе Шести ќе ја предводи церемонијата на сежавање откако земјата ќе излезе од карантин, што е воведен пред 2,5 месеци. Во шпанија од последици од новиот коронавирус починаа 27.119 луѓе од вкупно 236.259 инфицирани лица. ми/

Остани поврзан