• понеделник, 01 јули 2024

Во Шангај тројца починати од последици од Ковид-19

Во Шангај тројца починати од последици од Ковид-19
Пекинг, 18 април 2022 (МИА) – Во Шангај од последици од Ковид-19 починаа три лица. Тоа се први жртви откако Шангај е во карантин од крајот на март, соопштија локалните здравствени власти. Починатите биле на возраст од 89 до 91 година, не биле вакцинирани и имале коморбидитети. Во Шангај изминатите 24 часа регистрирани се 22.248 заразени со Ковид-19. ми/

Остани поврзан