• сабота, 29 јуни 2024

Во Црна Гора во првиот квартал од годинава - зголемени плати и пензии, намлени извозот и инвестициите

Во Црна Гора во првиот квартал од годинава - зголемени плати и пензии, намлени извозот и инвестициите

Подгорица, 20 јуни 2024 (МИА) - Во Црна Гора платите, пензиите и бројот на вработени се зголемени во првиот квартал годинава, додека буџетот е во дефицит, извозот е намален за 31,2 отсто, а помали се и инвестициите поради послаби вложувања во недвижности.

Инфлацијата беше 4,7 отсто.

Во првите три месеци од годинава е остварен буџетски дефицит во износ од 4,9 милиони евра или 0,1 отсто од БДП, покажуваат податоците од Месечниот макроекономски извештај за април на Дирекцијата за макроекономски и фискални анализи и проекции.

Буџетските приходи во првиот квартал од 2024 година се за 8,6 отсто повисоки од планираните, додека расходите се помали за 11,8 отсто.  Споредено со истиот период од 2023 година, буџетските расходи се повисоки за 21,7 отсто. зш/

Остани поврзан