• понеделник, 23 декември 2024

Во Тетово дебата за трагите на староградската песна на балканските народи

Во Тетово дебата за трагите на староградската песна на балканските народи
Тетово, 7 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на фестивалот на староградската песна „Теута“ денеска во Тетово се одржа и научно-музичка манифестација „По трагите на староградската песна на балканските народи“. Учесниците професори по музика ги претставија своите научни трудови кои се поврзани со староградската музика по која се одвиваше и дебата. Воедно со ваков вид музика се претставија неколку музички групи. - Идејата е да имаме манифестација на која научници од  Балканот ќе ги пренесат своите сознанија околу староградскаста песна на различни локации. Јас лично преку мојот труд објаснувам кои се тие важни субјекти во негување на староградската песна, после Втората светска на територија на Македонија. Тоа се институци, КУД, поединци, медиуми, сите тие кои помогнале се до денес да се зачуваат овие песни. Имаме илјадници примери на луѓе кои оставиле траги со нивните песни, Во суштина градските песни како карактеристика ја имаат носталгијата. Носталгијата за сокакот, за пазарот, за школото, за љубовта, изјави Беким Рамадани. Професорката по пијано, Соња Андонов ја презентираше улогата и значењето на Гиче Берберот во негувањето на староградската песна во Тетово. Таа посочи дека тој иако бил бербер во период помеѓу двете светски војни, како меѓу ретките музички писмени луѓе, помогнал на многу други да свират инструмент, а со тоа и да пренесуваат староградски песни на следните генерации. - Гиче Берберот платил човек да го научи да свири и пее, па потоа и тој самиот држел часови. Ги учел луѓето да читаат ноти, да свират на гитара и мандолиа. Сите занаетчии знаеле да свират.  Тогаш од чаршиските муабети се создавала и песните кои се пренесувале. Тој бил сведок на многу случувања, на многу судбини и личности кои веќе ги знаеме дека се спомнуваат во староградските песни. Во негово време настанува песната Благуњо дејче Пожаранче, за Благуња од Пожаране која дошла во Тетово, а која татко и ја криел по дома бидејќи била многу убава, истакна Соња Андонов. На манифестацијата настапијаТрио Шербет, женска група Теута, вокалите Менсур Абази и Леутрим Зејнулаху и Зеф Чоба. ас/цр

Остани поврзан