• понеделник, 23 декември 2024

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи во тетовско , најмногу 22 поради неприлагодената брзина

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи во тетовско , најмногу 22 поради неприлагодената брзина

Тетово, 6 февруари 2023 (МИА) - Неприспособената брзина според условите на патот, односно пребрзото возење и во јануари годинава била најчестата причина за случените сообраќајни несреќи на поширокото тетовско подрачје. Одделот за аналитика бележи 22 несреќи како резулат на неприспособена брзина, а 18 возила излетале од коловозна лента.

- Покрај пребрзото возење, значителен број од несреќите (16) се случиле и поради неправилно вршење на дејствие, 10 поради непочитување на првенство, додека 11 биле предизвикани од животни, претежно од кучиња скитници и најмногу на тетовскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. СВР Тетово уште еднаш со апел и укажување до возачите да не брзаат непотребно и да бидат посебно внимателни наутро и навечер, зашто на поедини патишта деновиве присутна е голомразица која го отежнува движењето, пред се кон Попова Шапка, Стража и Маврово. И не само на овие патни правци, да не брзаат и во населените места, зашто над половината од несреќите во јануари регистрирани се на градските улици и регионалните и локалните патишта, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Инаку, вчера од 10 до 16 часот, тетовската Полициска станица за безбедност патниот сообраќај спровела засилена контрола за брзина во која вкупно биле изречени 111 мерки. Во рамките на оваа контрола биле санкционирани 37 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои тројца возачи за повеќе од 70 километри на час. Двојно повеќе возачи, односно 74 ја пречекориле брзината во населено место, од кои двајца за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и седум други видови сообраќајни прекршоци. ас/дма/

Остани поврзан