• среда, 04 декември 2024

Во Струмица приведен бегалец од затвор

Во Струмица приведен бегалец од затвор

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Во Струмица синоќа во 21.30 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.К.(30) од Струмица.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип, каде издржувал затворска казна во траење од три години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а имал за доиздржување 2 години и 5 месеци.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната. цр/са/

Фото: МИА архива
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан