• петок, 22 ноември 2024

Во Средното земјоделско училиште во Кавадарци проект „Сееме семе на промени, жнееме надеж за поздрава животна средина"

Во Средното земјоделско училиште во Кавадарци проект „Сееме семе на промени, жнееме надеж за поздрава животна средина

Кавадарци, 21 октомври 2023 (МИА) - „Сееме семе на промени, жнееме надеж за поздрава животна средина" е насловен проектот што денеска почна да се спроведува во Средното земјоделско - шумарско училиште „Ѓорче Петров" во Кавадарци. Од училиштето информираа дека проектот е финансиран и поддржан од Фондацијата „Отворено општество". 

- Имаме неколку стратешки цели за оваа обука. Да ги запознаеме идните земјоделци, шумари и здравствени работници со правилата и регулативите на зелена агенда на Западен Балкан, како идни носители на овие дејности. Проектот трае шест месеци, на агендата се теоретски и практични обуки и форум за пошироката јавност, особено за земјоделците, ќе биде укажано на примената на лоши земјоделски практики и колку тие штетно влијаат на животната средина, да се подигне свеста и да се запознаат земјоделците со правилата и регулативата на зелената агенда на Западен Балкан, велат од средното училиште. 

Во делот на практичната обука, како што објаснија, ќе се произведе органски компост од суровина од виното и од лозјата, кој ќе биде однесен на лозовите насади на училиштето за ѓубрење. 

Предаваат стручни лица од училиштето, а проектот го спроведува здружението „Нова Цивиста“, во партнерство со училиштето и две винарски визби од Кавадарци. свд/мч/

фото : Фејсбук на Земјоделско - шумарско училиште Кавадарци 

Остани поврзан