• сабота, 21 декември 2024

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
 
Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, сите во второ читање. фф/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан