Во Скопје се чистат реони на православни верски објекти
- Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје и претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници, се наведува во соопштението на претпријатието.
Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Во пресрет на христијанскиот празник „Велигден“, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје врши рачно и машинско миење дворови и непосредната околина на поголеми православни верски објекти во сите скопски општини, информираат денеска од претпријатието.
- Со активностите се опфатени соборниот храм „Свети Климент Охридски“, црквите „Света Богородица“, „Свети Димитрија“, „Свети Јован Крстител“, „Света Петка“, „Свети Ѓоргија“, „Свети Илија“, „Свети Архангел Михаил“, „Свети Петар и Павле“, „Свети Спас“ и други. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје и претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници, се наведува во соопштението на претпријатието. бд/дма/
Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје