• понеделник, 23 декември 2024

Во Скопје денеска се одржа Отворен ден на Специјална Олимпијада Северна Македонија

Во Скопје денеска се одржа Отворен ден на Специјална Олимпијада Северна Македонија

Скопје, 19 октомври 2024 (МИА) - Во спортскиот комплекс МТП во Скопје денеска се одржал Отворен ден на Специјална Олимпијада Северна Македонија (СО СМ). Присутните ги поздрави националниот директор на СО СМ, Драган Караџовски, а обраќање ималеа Моника Бошкоска, претседател на Специјална Олимпијада Северна Македонија и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Претседателката на СО СМ се заблагодарила на своите партнери МТП за нивната поддршка во форма на бесплатни тренинзи за атлетите.

- Лично верувам дека околу нас сме опкружени со истомисленици и поддржувачи на нашата мисија, за што пример е тимот на МТП кои ни подадоа рака овозможувајќи им на нашите атлети бесплатни тренинзи.  Во оваа насока, сакам да повикам на поактивно вклучување на сите општествено одговорни субјекти во искажување на поддршката кон нашата работа и атлетите во пракса. Воедно, ги повикувам и сите добронамерни луѓе да се вклучат во поттикнување на поинклузивна средина, чекор по чекор, почнувајќи од своето опкружување, како волонтер на Специјална Олимпијада или пак, како покровител на некоја од нашите активности. Истовремено, ги охрабрувам сите семејства кои имаат член со интелектуална попреченост, да ни се приклучат заедно да се залагаме за инклузија, надминување на секојдневните предизвици, поттикнување на разбирање и градење поинклузивно општество. Спортот има моќ да влијае позитивно врз животот на луѓето, а заедно, преку спорт, можеме да изградиме општество во кое сите се вклучени, прифатени, почитувани и ценети за она што се, изјавила Моника Бошкоска, претседател на Специјална Олимпијада Северна Македонија, соопштија од тимот на МТП .  цр/

Фото: спортски комплекс МТП 

Остани поврзан