• понеделник, 23 декември 2024

Во САД уште еден трговски центар поднесе барање за банкрот

Во САД уште еден трговски центар поднесе барање за банкрот
Вашингтон, 15 јуни 2021 (МИА) - „Групацијата Вашингтон прајм“ (Washington Prime Group), сопственик на трговски центри на повеќе од 100 локации во САД, поднесе барање за банкрот, а како причина ги наведе последиците од рестриктивните мерките за време на панемијата со Ковид-19. - Групацијата, со седиште во Колумбус, Охајо, поднесе барање за заштита од банкрот според член 11 од Законот за банкрот на САД, наведувајќи дека Ковид-19 предизвикал значителни проблеми и дека овој чекор е „непопходен“, јави Си-Ен-Ен. „Вашингтон прајм “обезбеди 100 милиони долари нови средства за поддршка на секојдневните активности за да може да продолжи да работи нормално без прекини. По информацијата за банкрот акциите на Групацијата забележаа пад дури за 55 проценти во тргувањето пред официјалното отворање на Њујоршката берза, а во последните 12 месеци се намалија за 60 отсто. Промените во навиките на потрошувачите и пандемијата ја потресоа малопродажната индустрија во 2020 година, претходно двајца други сопственици на трговски центри во САД, „ЦБЛ пропертис“ (CBL Properties) и „ПРЕИТ“ (PREIT), поднесоа барање за банкрот минатата година, наведувајќи слични проблеми. ми/

Остани поврзан