• четврток, 27 јуни 2024

Во САД намалена продажбата на нови домови, берзите со намален раст

Во САД намалена продажбата на нови домови, берзите со намален раст

Вашингтон, 26 јуни 2024 (МИА) - Продажбата на нови домови во САД во мај се намалила за 11,3 отсто на месечно ниво, на 619.000 домови пресметано годишно.

Во претходниот месец, продажбата на нови домови наменети за едно семејство се зголемила за два отсто на 698.000 на годишно ниво.

Аналитичарите предвидуваа стапките на продажба на нови домови во мај да биде на ниво од 640.000 годишно.

Во меѓувреме, главните берзански индекси на Волстрит денешната сесија ја започнаа со намалување - секторот на микрочипови и акциите на гигантите се со намален раст. Инвеститорите очекуваат објава на клучната инфлациска статистика што се очекува најдоцна утре. кб/ми/

Остани поврзан