• вторник, 05 ноември 2024

Во САД избодени пет лица додека се спуштале по река, загина тинејџер

Во САД избодени пет лица додека се спуштале по река, загина тинејџер
Висконсин, 31 јули 2022 (МИА) - Маж (52) од САД е обвинет за убиство на тинејџер и повредување четворица возрасни додека се спуштале по река во Висконсин. Осомничениот, кој е од Минесота, со нож избодел пет лица додека пливале по реката Епл, при што убил 17-годишник, а четворица се здобиле со тешки повреди, објави Ен-Би-Си Њуз. „Една жена и тројца мажи на возраст од 20-ина години го преживеаја инцидентот. Најмалку тројца се хоспитализирани во критична состојба, додека четвртата жртва претрпе сериозни повреди“, изјави шерифот од Висконсин, Скот Кнадсон. Инспекторите се уште не го утврдиле мотивот за нападот. Инцидентот се случил околу 15.45 часот во саботата во Сомерсет. Кнадсон рече дека осомничениот и жртвите биле во различни групи луѓе кои се спуштале по реката во исто време. Осомничениот сега е во притвор. Полицијата го фатила со помош на цивили, од кои еден го фотографирал. паг/    

Остани поврзан