• сабота, 05 октомври 2024

Во руски напад оштетени водена и енергетска инфраструктура во Украина

Во руски напад оштетени водена и енергетска инфраструктура во Украина

Москва, 6 јули 2024 (МИА) – Русија и Украина си нанесоа штета во реципрочни напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска властите на двете страни, пренесе ДПА.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија нападнала 12 украински региони, при што биле соборени 24 од 32 дронови.

Нападите го прекинале снабдувањето со електрична енергија и вода во североисточниот регион Суми во Украина, додека во Киев една резиденција и едно возило биле оштетени од остатоци кои паднале од пресретнат дрон.

Од друга страна, јужниот руски регион Краснодар, кој стана честа мета на Украина, повторно бил цел на напади со дронови.

Беспилотните летала биле соборени, но нивни остатоци запалија складишта за гориво во областите Павловска и Ленинградскаја и оштетија радио кула во градот Јејск, се вели во соопштението на регионалниот кризен тим.

Во последниве месеци, Киев погоди не само воени цели, туку и капацитети за складирање гориво и транспортни центри за да ги зголеми логистичките предизвици на Русија во спроведувањето на нејзината инвазија. јт/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан