• петок, 22 ноември 2024

Во рускиот напад на регионот Виница има жртви, точниот број се утврдува

Во рускиот напад на регионот Виница има жртви, точниот број се утврдува

Киев, 1 септември 2023 (МИА) - Во рускиот напад со крстосувачки ракети во текот на ноќта врз областа Виница во централна Украина има жртви, но нивниот точен број се уште се утврдува, соопштија денеска украинските власти.

Шефот на регионот, Серхиј Борзов, на Телеграм напиша дека руските сили нападнале приватна компанија со крстаречки ракети со долг дострел, наведувајќи дека во нападот бил оштетен и имот.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле една од двете крстаречки ракети.

Еден руски проектил е соборен над регионот Кировоград во централниот дел на земјата, напиша шефот на регионот на Телеграм. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан