• сабота, 29 јуни 2024

Во Прилеп почна втората фаза прскање против комарци

Во Прилеп почна втората фаза прскање против комарци

Прилеп, 18 јули 2023 (МИА) - Од ноќеска па до четврток, во периодот од 22 до 5 часот изутрината на територијата на Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје ја спроведува втората фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот, како и во населените места, а ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека доколку има неповолни временски услови дезинсекцијата ќе се спроведево следниот поволен ден. ем/вг/

 

Фото: Центар за јавно здравје

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан