• понеделник, 01 јули 2024

Во прекин сообраќајот на патот Штип - Кочани поради сообраќајка

Во прекин сообраќајот на патот Штип - Кочани поради сообраќајка

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип - Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан