• вторник, 12 ноември 2024

Во Полска приведена белоруска државјанка која е осомничена за шпионажа

Во Полска приведена белоруска државјанка која е осомничена за шпионажа

Варшава, 9 јануари 2023 (МИА) - Белоруска државјанка е приведена во Полска поради сомнение за шпионажа и дека на белоруските безбедносни служби им дала информации за дијаспората во Полска, соопшти денеска полската служба за внатрешно разузнавање.

Полска е центар за западни воени материјали за Украина и тврди дека е важна цел за руските шпиони. Ги обвинува Москва и нејзината сојузничка Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат.

„На 20 декември 2023 година, службениците на Агенцијата за внатрешна безбедност приведоа државјанка на Република Белорусија осомничена за шпионирање за белоруската специјална служба - Комитет за државна безбедност на Република Белорусија (КГБ)“, соопшти полската служба.

„Неколку месеци, белоруската државјанка на службата и давала информации за членовите на белоруската дијаспора, како и за организациите што ги обединуваат Белорусите и Полјаците со белоруско потекло“, се додава во соопштението.

Против жената е поднесена кривична пријава и е одреден тримесечен притвор. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан