• петок, 28 јуни 2024

Во Париз се извлекува жрепката за Ролан Гарос

Во Париз се извлекува жрепката за Ролан Гарос
Париз, 19 мај 2022 (МИА) - Ждрепката за Отвореното првенство на Франција во 2022 година ќе се одржи денеска од 19 часот во Париз, Франција. Извлекувањата во сингл за мажи и жени се состојат од 104 директни записи, 16 квалификации и осум вајлд-карти. Во секое од ждрепките ќе има по 32 носители, а извлекувањето е предвидено да трае 50 минути.
Ролан Гарос 2022 година ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни. Грен слем турнирот на земјени терени, основан во 1891 година, ќе се одржи на Стад Ролан Гарос во Париз, Франција. ар/лв/

Остани поврзан