• петок, 05 декември 2025

Во Охрид и Дебрца до 17 часот излезноста 41,1 односно  53,47 проценти 

Во Охрид и Дебрца до 17 часот излезноста 41,1 односно  53,47 проценти 

Охрид, 19 октомври 2025 (МИА) – Изјаснувањето на граѓаните на Локалните избори и самиот процес на гласањето во општините Охрид и Дебрца се одвива тековно и без проблеми, без забелешки за какви било нерегуларности.

Според ОИК, на сите 87 избирачки места на кои се гласа во Охрид до 17 часот своето право го оствариле 21.594 гласачи или 41,1 отсто од граѓаните со право на глас.

Во Дебрца на 22-те избирачки места до 17 часот гласале 2.099 лица или 53,47 отсто од граѓаните впишани во Единствениот избирачки список. аб/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан