• вторник, 02 јули 2024

Во Охрид изложба на фотографии во голем формат од културно-историското богатство на Северна Македонија

Во Охрид изложба на фотографии во голем формат од културно-историското богатство на Северна Македонија

Охрид, 3 јули 2023 (МИА) - Фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на Северна Македонија од 5 до 7 јули ќе бидат изложени во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид.

Основната цел на проектот  е подобро запознавање и подигнување на јавната свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно-историските споменици, религиозните објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се вистински сензации на изложбите во најголемите европски и културни центри.

Со оваа изложба  се афирмираат неколку непобитни историски факти значајни за Република Северна Македонија, дека Свети Климент на возвишението Плаошник над Охридското Езеро создал книжевна школа и универзитет со околу четири илјади посетители, дека македонските фрескосликари во црквата во селото Курбиново, на брегот на Преспанското Езеро и во манстирот „Св. Пантелејмон“ во близина на Скопје, создале дела со кои, всушност, ја навестиле ренесансата.

За она што е откриено и заштитено во Стоби може да се раскаже цела оригинална приказна за објектите, вредностите и начинот на живеење во овој некогаш многу значаен град покрај Вардар и во средиштето на Балканот, дека богатството на артефакти од Плаошник, Хераклеа и на уште голем број археолошки локалитети сведочат за густината на творечките вредности, култури и религии на оваа наша почва. Потоа, фреските, иконите, резбите и иконостасите од Бигорскиот манастир на прочуените протомајстори Макарие Фрчкоски, Димо Гарката, Дичо Зографот и плејадата нивни ученици и соработници во 19 век се сведоштва за нивниот раскошен, индивидуален авторски гениј.

Изложбата е во реализација на „Медиа Броадкастинг“, a со подршка од Министерството за култура. аб/са/

Фото/Медиа Броадкастинг

Остани поврзан