• петок, 22 ноември 2024

Во Општина Тетово се разгледуваат идејните проекти за реконструкција на плоштадот

Во Општина Тетово се разгледуваат идејните проекти за реконструкција на плоштадот

Тетово, 15 март 2023 (МИА) - Општина Тетово развива краткорочни и долгорочни идеи за менување на изгледот и функционалноста на плоштадот, најави градоначалникот Биљал Касами по денешната седница на советот. 

Со експерт од Турција денеска биле разгледани повеќе варијанти на идејниот проект и дизајнот на централниот дел на градот, со посебен акцент на плоштадот „Илирија“. Целта е посоодветен модел на сообраќајната комуникација во тој дел од градот.

олгорочното решение е околу можноста за подземна сообраќајна инфраструктура. Целата површина на плоштадот да биде во корист на граѓаните и на жителите. Овој дел ни е презентиран од архитектот од странство, работиме на конечно решение за да одиме на следниот чекор подготовка на финалниот проект кој ќе биде сигурно презентиран пред граѓаните и ќе одиме да најдеме финансиска конструкција како ќе се финансира реализирањето. Во делот на долгорочното решение има две опции – едната е само за подземна сообраќајна инфраструктура,а надземно да биде за пешаците за граѓаните. Другата опција е во делот на плоштадот да се види и можноста за подземен паркинг. Доколку има пешачка зона од плоштад се разгледува и можноста да се продола кај железничка станица.  Пешачка зона во средина и на двете страни коловоз за патнички возила, истакна Касами.

За краткорочното решение општината соработува со студентите и професорите по архитектура од двата универзитети.

-Краткорочното решение е во делот на уредување со урбана опремаза да има повеќе содржини таму за сите жители на градот,  за да можат да го користат плоштадот. Тоа се работи заедно со студиските програми по архитектура во рамките на Универзитетот во Тетово како и во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа каде имаат формирано две групи на студенти со професори и ги чекаме нивните идеи за да побрзо се уреди плоштадот, истакна Касами.

Тетовскиот плоштад е изграден по петгодишна градба во 1970 година, а сегашниот изглед го има од 2008 година.ас/фф/

Фото: Општина Тетово

Остани поврзан