• петок, 05 декември 2025

Во Општина Тетово координативен состанок со институции за преземање мерки по свлечиштето во Шипковица

Во Општина Тетово координативен состанок со институции за преземање мерки по свлечиштето во Шипковица

Тетово, 4 декември 2025 (МИА) - Во Општина Тетово се одржа координативен состанок во врска со актуелното свлечиште во планинското село Шипковица. На покана на градоначалникот Билал Касами на состанокот бил и директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, како и претставници од релевантни институции. 

- Состанокот беше со цел разгледување на ризиците, координација на дејствата и предложување мерки за заштита на животот, здравјето на граѓаните и материјалните добра. Беше договорено формирање стручен тим од надлежните институции, вклучително Градежниот факултет и ИЗИС, кој ќе изврши проценка на ризикот и ќе подготви студија за преземање на соодветни мерки за стабилизирање и санирање на теренот, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Институциите и Општина Тетово ќе продолжат со директна комуникација и координација, додека Центарот за управување со кризи останува активно вклучен во мониторингот и поддршката на сите процеси за безбедно и ефикасно справување со состојбата.ас/са/

Фото ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан