Во Општина Карбинци изградени осум улици во пет села
- Во Општина Карбинци денеска се асфалтираше и последната улица од ветените осум. Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека со ова општината го заокружува проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура во пет населени места.
Карбинци, 31 октомври 2025 (МИА) – Во Општина Карбинци денеска се асфалтираше и последната улица од ветените осум. Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека со ова општината го заокружува проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура во пет населени места.
-Продолжуваат активностите за асфалтирање на улици во Општина Карбинци. Денес ја завршуваме и онаа започната улица во селото Горни Балван. Ова значи едно големо продолжение на сите активности, коишто досега ги имавме како општина. Ова е целосно финансирање на Општина Карбинци. Продолжуваме со проектите кои што се од суштинско значење во делот пред се на патната инфраструктура. Вкупната сума која што ја издвои општината е четири милиони денари за овие вкупно осум улици во овие пет населени места, а нашата тенденција и понатаму ќе остане подобрување на условите пред се во делот на патната инфраструктура, но и во сите оние други сегменти, коишто со оглед на нашата нова Програма ќе продолжат да се реализирааат и понатаму, изјави Паунов.
Тој најави дека со вакво темпо ќе продолжи и во наредниот период, за подобрување на патната инфраструктура. Новите улици значат подобра поврзаност, побезбеден сообраќај и полесен пристап за жителите на овие рурални средини. вдј/мд/
Фото: МИА