Во Општина Илинден извршена пролетна дератизација за уништување глодари
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 28 март 2025
Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м2, меѓу кои е општинската зграда, како и домовите на култура на Општина Илинден.
Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.
Општина Илинден
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Општина Илинден