Во Неготино работилница за националната Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2027
- Со цел да се слушнат гласот и мислењата на општината и локалните чинители од сите сектори, денеска во Неготино се одржа работилница за националната Стратегија за правата на лицата со попречен
![Во Неготино работилница за националната Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2027](https://new.mia.mk/images/20221113175908_big_730x400_19.webp )
Неготино, 12 јули 2022 (МИА) - Со цел да се слушнат гласот и мислењата на општината и локалните чинители од сите сектори, денеска во Неготино се одржа работилница за националната Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2027 година.
Како што информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, по иницијативата на Владата и Министерството за труд и социјална политика за отпочнување процес за подготовка на националната Стратегија за правата на лицата со попреченост и одржаната национална работилница, започнаа дискусии во рамки на работните групи, што ќе бидат задолжени да предложат мерки и активности за вградување во самата стратегија.
На работилницата се обратија Наталија Спасовска од ГИЗ, Васка Бајрамовска-народен правобранител и Благородна Шопова од ЗЕЛС.
- Тие истакнаа дека резултатите од процесот ќе се темелат на придонесот на секој чинител, како и поставувањето на остварливи заеднички цели, што пак се очекува да придонесе за успешна реализација на имплементациската фаза што следува, информираше градоначалникот.
Тој додаде дека предлозите и сугестиите од работилницата ќе бидат сумирани, документирани и соодветно презентирани на наредните работни групи, кои продолжуваат од септември. свд/цр