Во МВР потпишани измени и дополнувања на Колективниот договор со кој се уредуваат и доуредуваат правата на вработените
- Во Министерството за внатрешни работи денеска беа потишани измени и дополнувања на Колективниот договор заради усогласување со одредби од Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кој се уредуваат и доуредуваат правата на работниците во МВР.
Скопје, 29 декември 2023 (МИА) - Во Министерството за внатрешни работи денеска беа потишани измени и дополнувања на Колективниот договор заради усогласување со одредби од Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кој се уредуваат и доуредуваат правата на работниците во МВР.
-Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев денеска потпишаа Колективен договор за изменување и дополнување на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи заради усогласување со одредбите од Општиот Колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/23). Со овие измени и дополнувања се уредуваат и доуредуваат правата на работниците во МВР, пред се зголемувањето на максималниот број работни денови предвидени за платено отсуство и нови основи на работникот за право на отсуство од работа без надомест на плата, информираат од МВР.
Од Министерството додаваат дека со измените и дополнувањата, меѓудругото, се зголемува и бројот на јубилејни награди за вработените и слично. сст/дма/
Фото:МВР