• понеделник, 23 декември 2024

Во Македонска Каменица одржан месечен состанок посветен на имплементација на проектот за затварање на диви депонии во источниот регион

Во Македонска Каменица одржан месечен состанок посветен на имплементација на проектот за затварање на диви депонии во источниот регион

Македонска Каменица, 15 октомври 2024 (МИА) - Во Општина Македонска Каменица денеска се одржа месечниот состанок посветен на имплементација на проектот за затворање на диви депонии и ѓубришта во источниот регион. Станува збор за активноста ЛОТ 1, која се финансира преку ИПА II програмата.

На состанокот, како што се вели во објавата на градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски, од страна на сите инволвирани страни во проектот, беа разгледани постигнатите резултати и дефинирани следните чекори за успешно завршување на проектот.

- Согласно проектот со потпишаните договори и планот за управување со отпадот, во втората фаза од проектот е предвидена изградба на трансфер станица во Македонска Каменица, каде ќе се врши селекција на отпадот за ефикасно и одржливо управување со истиот и негово транспортирање до регионалната депонија Мечкуевци, стои во објавата на градоначалникот.

Во реализирање на денешните активностите на 26-тиот по ред состанок освен претставници од Општина Македонска Каменица учествуваа и претставници на  општините во Источниот регион, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, Надзорот - консултанти за изведба на проектот „Енвироплан" од Грција и претставници од изведувачот „Ескаватори". вс/дма/

 

Фото: Општина М.Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан