• среда, 03 јули 2024

Во Маврово и Ростуше лани доделени 20 ваучери за новороденчиња, во 2022 две бебиња

Во Маврово и Ростуше лани доделени 20 ваучери за новороденчиња, во 2022 две бебиња
Дебар, 10 јануари 2022 (МИА) - Општината Маврово и Ростуше веќе петта година по ред доделува бебешки бонус за секое новороденче. -Во текот на минатата година доделивме 20 ваучери, односно еднократен паричен надомест во износ од по 5.000 денари за новородени деца. Споредено со претходната година е за 13 ваучери помалку. Ваучери за новороденчиња доделуваме и годинава, во која веќе имаме две новороденчиња, изјавиза МИА Суада Мавмути, од Секторот за финасии во Општината. Бебешки бонус општината доделува врз основа на едногласно донесената одлука на Советот на Општината во рамки на Програмата за здравствена, социјална и детска заштита. Од 2018 година кога почна да се применува одлуката доделени се 132 ваучера зашто се потрошени средства во вкупен износ од 660.000 денари. -Бебешки бонус се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово и Ростуше, но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај, а живеат и работат во странство или во друга општина во државава, додава Мавмути. Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно иселени, а согласно последниот попис од 2002 година има вкупно население од 8.618 жители. Пред миграцискиот бран кој општината ја зафати по деведесеттите години од минатиот век бројот на населението бил двапати поголем. Една цела ако не и побројна заедница на жители од оваа општина се во Германија, Швајцарија и Италија. Дел од поранешните жители на оваа општина мигрирале и во Гостивар,Тетово и Скопје. вт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан