• понеделник, 23 декември 2024

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Дебар, 4 септември 2024 (МИА) - Во Корча, Албанија в сабота ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа, во организизација на Македонското друштво „Сонце“ во соработка со Комитетот за национални малцинства, орган на албанската влада.

Станува збор за завршен настан од проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа на Преспа“.

-Настанот го организираме по повод 8 Септември - Денот на независноста на нашата матична земја, Македонија. На овој посебен и значаен настан ќе бидат промовирани традиционални женски носии на Македонците од Преспа и минијатурни верзии на носиите, рачно изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани, изјавија за МИА од друштвото „Сонце“.

Исто така ќе биде промовирана и двојазична брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, чиј автор е Васил Стерјовски.

Настанот ќе се одржи на 7 септември, во Библиотеката „Тими Митко“ во Корча, со почеток во 11:00 часот.

Покрај Македонците од овој крај и пошироко, се очекува присуство на поголем број гости од институциите на округот Корча, како и од локалната власт на општина Пустец. вт/мд/

Фото: Плакат 

Остани поврзан