Во Киев средба Зеленски - Мецола
- Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска пристигна во Киев и се сретна со украинскиот претседател Зеленски
Киев, 2 април 2022 (МИА) - Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска пристигна во Киев и се сретна со украинскиот претседател Зеленски.
Таа вети дополнителна помош од ЕУ во одбраната на Украина.
Мецола на Твитер објави фотографија од средбата со Зеленски и „Храброст, сила, решителност“.
Таа им се обрати и на пратениците во Врховната рада, при што посочи дека украинскиот народ е херој.
Украинскиот народ е херој. Вие се борите за она во што сите ние веруваме: слобода, демократија, владеење на правото. Без овие вредности, нема ништо. Ни требаат построги санкции, истакна Мецола. ми/