• недела, 06 октомври 2024

Во Кавадарци шест апартмани за лица и семејства во ризик 

Во Кавадарци шест апартмани за лица и семејства во ризик 

Кавадарци, 27 ноември 2023 (МИА) - Шест апартмани за лица и семејства во ризик доби Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

Тие апартмани ќе бидат достапни за лица и семејства што ќе останат без кров над главата поради елементарни непогоди, семејно насилство и други слични проблеми.

- Завршен е проектот за реконструкција и пренамена на постојан објект на улицата ,,7 Септември" во Кавадарци. Намената на овој објект ќе биде од социјален карактер и истиот вклучува шест апартмани. Изведувач беше фирмата ,,Градба промет", соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 6.322,282,77 денари со вклучен ддв, од кои 3.376.361,00 денари се обезбедени од Биро за регионален развој и учество на Општина Кавадарци со износ од 2.945.921,77 денари. свд/


Фото : ФБ на Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан