• вторник, 05 ноември 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот Ристовски го означија стартот на Скопскиот маратон 

Градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот Ристовски го означија стартот на Скопскиот маратон 

Скопје, 6 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски денеска го означи стартот на овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон. Како што информираат од Општина Кисела Вода, тој упатил благодарност до Министерството за спорт кое е главен покровител на настанот и на сите учесници им посакал успешна трка. 

-Скопје е на нозе. Заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, имавме чест да го означиме стартот на овогодинешната најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Повеќе од 14.000 учесници од над 50 земји од светот го наполнија главниот град ова утро, што беше една прекрасна глетка и дружење. Голема благодарност до Министерството за спорт кој е главен покровител на овој настан и министерот, кој силно ги поддржува спортистите. Следната година помасовни и со нови сили. Нека победи најдобриот, изјавил на отворањето градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој додал дека трчањето е најефикасен начин за одржување на здравјето и затоа порачал дека е добро да се биде физички активен. сст/мд/

фото Општина Кисела Вода

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан