• сабота, 27 април 2024

Во Кавадарци промовиран алманах со песни од кавадаречки пензионери

Во Кавадарци промовиран алманах со песни од кавадаречки пензионери

Кавадарци, 29 март 2024 (МИА) - „Шепотот на третото доба" е насловен алманахот со песни од кавадаречки пензионери, што синоќа беше промовиран во Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци.

- Се работи за збирка песни напишани  од поетите кои работат во рамките на Здружението на пензионери Кавадарци. Комисијата за култура и самото раководство на Здружението обезбедија  организациони и финасиски услови да биде испечатен алманахот и со тоа по долго време, во Кавадарци да излезе еден ваков поетски алманах, рече Маријана Пешиќ, пензионирана новинарка, која е активна во општествениот живот и во пензионерските денови.

На настанот збогатен со музика, беа прочитани и песни од алманахот. Со поетско читање се претставија и членови на поетски клубови од Прилеп и Велес.

- Литературниот клуб при Здружението во Кавадарци е многу активен. Сакаме да упатиме јасна порака дека животот е убав и во третата доба, ако умеете да го осмислите и да му дадете содржина, нагласи Пешиќ. свд/

Фото : МИА 

Остани поврзан