• сабота, 18 мај 2024

Во Кавадарци презентирани мерки и проекти за обновливи извори на енергија

Во Кавадарци презентирани мерки и проекти за обновливи извори на енергија
Кавадарци, 10 октомври 2022 (МИА)-Во Кавадарци денеска беа презентирани мерки и проекти за обновливи извори на енергија, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Во просториите на општината Кавадарци, на прием кај градоначалникот Митко Јанчев беше проектниот тим на ,,Еко живот" Кавадарци, кој ги презентираше мерките и проектите за обновливи извори на енергија спроведени на територија на општината Кавадарци, во рамки на обуката ,,Creating ideas for Unnecessary – Green Energy’’, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму посочија дека обуката ќе трае од денеска до 14 октомври во Кавадарци,  каде домаќин е ,,Еко-живот" и еден ден во Скопје, во среда, каде домаќин е општината Чаир. Учествуваат вкупно 20 учесници од Македонија, Словачка,Турција и Романија.свд/ир

Остани поврзан