• вторник, 05 ноември 2024

Во Кавадарци отворена изложба на дела од ликовни уметници од Турција 

Во Кавадарци отворена изложба на дела од ликовни уметници од Турција 

Кавадарци, 2 април 2024 (МИА) - Изложба насловена ,„Уметноста  - мост на поврзување на народи“, на дела од педесетина ликовни уметници од Турција, беше отворена вечерва во галеријата на Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе"  во Кавадарци. 

- Слободата при изразувањето е чин на независен процес и го потенцира индивидуалниот став во поимувањето на творечката активност, рече директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова. 

Ликовниот уметник Владимир Темков изрази задоволство од настанот и појасни дека станува збор за ликовни уметници, водечки во турската ликовна уметност.

Задоволство од соработката изразија и ликовните уметници од Турција, кои, како што рекоа, покрај дружењето со своите колеги, ќе се запознаат и со македонските убавини. свд/дма/


Фото : МИА

Остани поврзан