• недела, 07 јули 2024

Во Кавадарци активности за реконструкција на водоводна, фекална и атмосферска канализација

Во Кавадарци активности за реконструкција на водоводна, фекална и атмосферска канализација

Кавадарци, 26 октомври 2023 (МИА) - Активности за реконструкција на водоводна, фекална и атмосферска канализација се реализираат во општината Кавадарци, информираше градоначалникот Митко Јанчев, кој беше во увид на работите на улицата ,,Илинденска" во населбата ,,Страшо Пинџур". 

- По комплетната реконструкција, ќе следи и асфалтирање на улицата. Инвестицијата од околу осум милиони денари е на јавното претпријатие,,Комуналец", а асфалтирањето е на Општината со два милиона денара, појасни градоначалникот. 

Директорот на ,,Комуналец", Гоце Ангеловски додаде дека се работи на неколку локации. На оваа улица, се очекува активностите да се завршат најдоцна до 15 декември. свд/дма/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан