• недела, 30 јуни 2024

Во Кавадарци активности во мрежата за атмосферска и фекална канализација 

Во Кавадарци активности во мрежата за атмосферска и фекална канализација 
Кавадарци, 17 март 2023 (МИА) - Во Кавадарци во тек се активности во мрежата за атмосферска и фекална канализација, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.  
 
- Интензивно се работи  на атмосферска канализација со Ф1200 цевки од 600 метри, на булевар ,,Македонија". Овие активности се дел од проектот на КФВ банка. Изведувач на работите е фирмата ,,Жикол", соопштија од кабинетот на градоначалникот. 
 
Оттаму додадоа дека поставена е главна линија на фекалната канализација на улицата ,,Ѓуро Ѓаковиќ",  со нови цевки со дијаметар ФИ 300, на површина од 260 метри. Во наредна фаза ќе се вршат приклучоци и поставување на шахти.
 
Целата инвестиција е на јавното претпријатие ,,Комуналец" Кавадарци, истовремено и изведувач на работите. свд/дма/
 
Фото : Општина Кавадарци 

Остани поврзан