• понеделник, 09 септември 2024

Во Индија регистриран прв случај на мајмунски сипаници

Во Индија регистриран прв случај на мајмунски сипаници

Њу Делхи, 9 септември 2024 (МИА) – Во Индија е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај маж кој допатувал во Индија од земја каде веќе е регистрирана инфекцијата.

Заразениот е изолиран во болница и е во стабилна состојба, соопшти денеска индиското Министерство за здравство.

Министерството не прецизираше кој вид на вирус може да има пациентот.

Мајмунските сипаници може да се пренесат со близок контакт. Инфекцијата е фатална во ретки случаи. Предизвикува симптоми слични на грип и меурчиња полни со гној на телото.

Локалните медиуми минатиот месец јавија дека Индија е во состојба на зголемена готовност, откако новиот вид на мајмунски сипаници се прошири низ Африка.

Светската здравствена организација претходно го прогласи ширењето на мајмунските сипаници во Конго и на други места на африканскиот континент за глобална опасност. јт/

Остани поврзан