• петок, 16 август 2024

Во Индија продолжуваат протестите поради злосторства врз жените

Во Индија продолжуваат протестите поради злосторства врз жените

Њу Делхи, 15 август 2024 (МИА) – Илјадници жени синоќа протестираа во неколку индиски градови поради силување и убиство на една лекарка, а премиерот Нарендра Моди апелира на казнувања на злосторствата врз жените.

Со свеќи и транспаренти протестираа жените во Калкута, каде  силувањето и убиството на докторката предизвика протести на лекарите, кои бараа подобри и побезбедни услови за работа.

Лекарите во државните болници во Индија на 12 август стапија во штрајк во знак на протест поради силувањето и убиството на лекарката.

Телото на 31-годишната лекарка беше пронајдено на 9 август во државната болница во Калкута, во индиската држава Западен Бенгал. Обдукцијата потврди дека таа била силувана и убиена. Полицијата уапси маж кој работел во истата болница како и жртвата. Тој им пружал помош на пациентите во чекалните.

Сексуалното насилство врз жените е широко распространето во Индија. Во земјата со 1,4 милијарди луѓе во 2022 година дневно се пријавувале речиси 90 силувања. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан