Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху
- Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека малтретирала политички противници и сведоци во судењето за корупција на израелскиот лидер.
Ерусалим, 27 декември 2024 (МИА) - Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека малтретирала политички противници и сведоци во судењето за корупција на израелскиот лидер.
Тоа доцна синоќа го соопшти израелското Министерство за правда, во кое се наведува дека истрагата ќе се фокусира на наодите од неодамнешниот извештај на програмата „Увда“ за Сара Нетанјаху.
Програмата откри низа пораки на ВотсАп во кои Сара Нетанјаху изгледа како да му наложува на поранешен помошник да организира протести против политичките противници и да го заплаши Хадас Клајн, клучниот сведок во судењето.
Во соопштението не се споменува Сара Нетанјаху по име, а Министерството за правда одби дополнителни коментари. зш/