• сабота, 06 јули 2024

Во Ереван приведени над 130 демонстранти

Во Ереван приведени над 130 демонстранти

Ереван, 27 мај 2024 (МИА) – Ерменската полиција вчера приведе 137 демонстранти во Ереван, кои ги блокираа улиците на главниот град, барајќи оставка од премиерот Никол Пашинјан.

Во Ереван од април секоја недела се одржуваат протести со барање за оставка на Пашинјан.

Протестите се предводени од надбискупот Баграт Галстанјан, а почнаа поради тоа што Пашинјан отстапи четири населени села на Азербејџан. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан